Неверојатната приказна на Хиро Онада – човекот за кого Втората светска војна траеше 30 години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пацифичките острови за време на Втората светска војна беа стратешка и логистичка копнена територија која беше клучна и посакувана за двете завојување страни во оваа светска битка и на кои се пролеа многу крв.

Овие острови претставуваа стратешки позиции, на кои Сојузниците можат да ги постават своите воени бази за напад на Јапонија. Од друга страна, Јапонија поради тоа сметаше дека островите мора да се бранат, ако треба и до смрт, и во никој случај да не се дозволи освојување на истите од страна на Сојузните сили.

За таа цел, од страна на јапонскиот цар Хирохито таму биле испратени јапонски воени сили кои добиле задача и команда да ги бранат островите и по цена на своите животи. Многу од нив добиле наредба да се борат до смрт, а меѓу нив бил и фамозниот поручник Хиро Онода.

Да се предадат не било опција, па Хиро Онода слепо ја следел оваа наредба. Дури и кога Втората светска војна одамна завршила, тој продолжил да се бори цели 29 години подоцна.

Јапонија во 20-иот век го промени својот древен концепт Бушидо (воен кодекс на однесување), како “начин на умирање“ кој барал самураите да бидат спремни да ги дадат своите животи за господарите. Но тој концепт во Втората светска војна се користи како пропагандна алатка и како култура на смртта пред предавањето, кое се сметало за непростлив грев.

Ниту во еден говор на јапонскиот цар Хирохито не се спомнува предавањето. Тој збор не постоел. Наместо него се зборело за “трпењето на неподносливите и неиздржливи страдања“.

Таквиот став го довел поручникот Онода и неговите луѓе во ситуација да се кријат по планините на островот Лубанг на Филипини, откако сојузниците го преземале од Јапонците во февруари 1945 година.

Тој ги уверил своите војниците дека тоа може да потрае година, три или пет, но дека нивната војска ќе се врати по нив.

„Како разузнавач“ – изјавил Онода, “наредено ми е да водам герилска војна и да не умрам. Морав да ги следам своите наредби како војник“.

Војната заврши во септември истата година, но тој и понатаму се придржувал до наредбите. Предавањето не доаѓало во предвид!

Во текот на престојот во џунглата, Онода водел герилска војна и имал неколку судири со локалните Филипинци и полицијата. Во октомври 1945 година, тој и неговата група нашле леток на кој пишувало: Војната е завршена на 15 август. Симнете се од планините!

Подоцна истата година наишол на уште такви летоци, но тој и неговите војници биле уверени дека станува збор за американска пропаганда. Сметале дека негде направиле грешка, бидејќи не можеле да ги најдат своите соборци. И така во џунглите на островот Лубанг останале наредните 29 години.

Продолжиле да се борат со локалната филипинска полиција, па така заклучиле и дека војната се уште трае. Еден од неговите луѓе, на крајот се предал во 1950 година. Друг бил убиен во 1954 година.

Откако во 1972 година запалиле поле со ориз, како дел од герилската војна која ја воделе, полицијата го убила и последниот соборец на Онода, па така останал сам во џунглата.

Но во Јапонија, Онода и неговите луѓе станале нешто како урбани легенди. Иако Јапонија и официјално ги прогласила за мртви, сите на Филипините биле сигурни дека е жив. Убил 30 Филипинци!

Во февруари 1974 година, војникот Норио Сузуки се одлучил да го побара Онода. Го пронашол, но поручникот и понатаму одбивал да се предаде. Се согласил да се предаде само под услов тоа да му го нареди неговиот командант Јошими Танигучи.

Сузуки се вратил во Јапонија, го пронашол Танигучи, тогаш веќе старец го работел во книжарница и го довел на островот Лубанг. И конечно, 29 години подоцна, Онода ја добил наредбата која сакал да ја слушне.

Пред да се врати во Јапонија, Хиро Онода на филипинскиот претседател Фердинанд Маркос му го предал својот меч во знак на предавање. Маркос го ослободил од вината за сторените убиства и го пуштил дома.

На Онода во Јапонија му бил приреден пречек. Меѓутоа, тој веќе не можел да се снајде во земјата која целосно се променила од последниот пат кога престојувал таму.

Во 1975 година заминал за Бразил, каде и се приклучил на тамошната јапонска заедница и почнал да се занимава со сточарство. Во Јапонија се вратил во 1984 година и започнал школо за преживување во дивината. За својот неверојатен подвиг напишал и книга.

Онода почина на 16 јануари, 2014 година, во Токио, на 91-годшна возраст.