Неверојатна трансформација: Џена Џејмисон за половина година ослабе 30 килограми


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бившата порно дива и ѕвезда на филмовите за возрасни, Џена Џејмисон, своевремено го покори светот со своите улоги во филмовите од порнографската индустрија. Порничи почна да снима на 18 години, а уживаше статус каков во таа индустрија ретко се гледа и доживува.

После сензационалниот успех во порно индустријата, се проби и во„мејнстрим“ поп културата, од гостувања во видео спотови, до улога во полубиографскиот филм на Хауардс Стерн од 1997 година, „Private Parts“.

Но, како и многу други колешки и колеги од нејзината бранша, и Џена се бореше со депресијата, а зависноста се закануваше со уништување на нејзиното царство кое макотрпно го градеше. Пред три години одлучи да го смени својот животен стил, ги батали алкохолот и дрогата и се верски се преобрати во јудаизам, со цел да може да се омажи со израелскиот бизнисмен Лиор Битон, кого го нарекува своја сродна душа.

A post shared by Jenna Jameson (@jennacantlose) on

A post shared by Jenna Jameson (@jennacantlose) on

Во април минатата година Џејмисон го роди своето трето дете (со претходниот партнер Тито Ортиз има 9-годишни близнаци), ќеркичката Бател Лу и после породувањето се соочи со нов предизвик и битка – прекумерната тежина и дебелината. Пред шест месеци одлучи да се фрли на режим за слабеење, а фотографиите од пред и по трансформацијата во неколку наврати ги споделуваше на Инстаграм.

Преку здравите животни навики и со помош на кето диетата ослабе 30 килограми, а вели дека имало денови кога не сакала да излезе од дома.

A post shared by Jenna Jameson (@jennacantlose) on

„Ќе бидам искрена со вас, кога бев тешка, мразев да излегувам од дома. Се чувствував како да ме осудуваат, насекаде чувствував погледи врз себе“, напиша таа на Инстаграм. „Можев да чујам внатрешни монолози кои ми велеа: Џена Џејмисон се запустила, фуј“, додаде таа.

A post shared by Jenna Jameson (@jennacantlose) on

44-годишната Џена, исто така, говореше за грижата дека нема да може трезна да ги симне вишокот килограми.

A post shared by Jenna Jameson (@jennacantlose) on

„Но, зад тоа површно размислување имаше длабок срам. Бев разочарана во себе“, признава таа. „Самата си велев дека ако ја победам зависноста и останам трезна, тогаш ќе можам да ослабам…И го сторив тоа. На здрав начин. А од денес можам да речам дека и мојата ментална игра е јака“, заклучи таа неодамна.

A post shared by Jenna Jameson (@jennacantlose) on