Неверојатна ноќ во Рим: Барса во „аут“ после првични 1:4 – Рома во полуфинале


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако тимот на фудбалскиот гигант Барселона после првиот натпревар против Рома славеше победа со 1:4, тоа не и беше доволно за пласман во следната фаза откако Рома во Рим ги покори Каталонците со 3:0.

Џеко го отвори резултатот во шестата минута од натпреварот. На полувреме се замина со 1:0. Во вториот дел „волчицата“ продолжи со ист ритам.

После нешто помалку од еден час беше досуден пенал за домаќините, а сигурен реализатор беше Де Роси.

И во 82 минута вистински шок за фудбалскиот свет! Манолас погодува за 3:0 и резултат кој ја води во полуфиналето.