Неверојатна фотографија: Го сликаше моментот кога го удри гром


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Австралиски турист кој планинарел во дивите предели од Сиера Невада, Северна Калифорнија, беше спасен откако беше погоден од гром за време на планинарењето.

Типот поминал само со големи изгореници на телото и со отежнато одење. Медицинско лице од брзата помош морало да му помогне да влезе во хеликоптерот со кој бил транспортиран после ударот.

Интересно е дека во моментот кога го удрил гром, туристот фотографирал. Неговиот мобилен „преживеа“, а фотографијата на која го фатил моментот кога громот удрил во него покажува портокалови и бели линии.

Горската спасителна служба го спасила во вторникот, околу 14 часот, во дивите предели од Сиера Невада во Северна Калифорнија. Неговите сопатници слушнале силно грмење и виделе продорна светлина на местото каде што стоел несреќникот. Веднаш повикале 911. Мажот бил пренесен на прегледи во болница.

Фејсбук корисникот Дејв Мојлан ја сподели фотографијата од ударот на громот, а во коментарите стои дека повредениот турист се викал Матијас.