Home Шоубизнис Невена Божовиќ пресреќна! По Анка, пристигнува син

Невена Божовиќ пресреќна! По Анка, пристигнува син

Бремена Невена Божовиќ очекува син

Веста дека по втор пат е бремена Невена Божовиќ ја израдува јавноста пред неколку дена, а сега е откриен и полот на бебето кое за еден месец ќе дојде на свет.

Според домашните медиуми, Невена и нејзиниот сопруг, пилотот Никола Ивановиќ, наскоро повторно ќе се остварат како родители, овој пат на син.

Складниот пар веќе има три и пол годишна ќеркичка Анка, која несомнено најмногу се израдувала на веста дека ќе стане постара сестричка.

Бремената Невена Божовиќ во неодамнешно интервју за магазинот „Лепота & Здравље“ откри дека ужива во благословената состојба и дека втората бременост ѝ е полесна од првата.

– Секако, искуството дека сега знам што ме очекува и дека можеби подобро знам како да се носам со сето тоа.

– Кога ќе добиете дете, сè се менува, па така и самата мотивација за создавање. Секогаш сум се сметала себеси за амбициозна и посветена, но тогаш дури сфаќате дека можете уште повеќе од тоа. Добивате еден животен поттик кој ве движи секој ден, секое утро кога ги отворите очите – рекла бремената Невена Божовиќ и можеби за првпат открила детали и за односот со сопругот.

– Мојот сопруг и јас имаме исти приоритети, принципи и желби. Го имам неговото разбирање во сè, како и тој моето, така што заедништвото кај нас доаѓа природно – на тој начин полесно ги надминуваме сите предизвици и одлично се разбираме.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …