Home Шоубизнис Невена Божовиќ пресреќна – по Анка доаѓа син!

Невена Божовиќ пресреќна – по Анка доаѓа син!

Трудната Невена Божовиќ го откри полот на бебето

Веста дека по втор пат е бремена ја израдува јавноста пред неколку дена, а сега е откриено и полот на бебето кое за еден месец ќе дојде на свет.

Како што пренесуваат домашните медиуми, Невена и нејзиниот сопруг, пилотот Никола Ивановиќ, наскоро повторно ќе станат родители, овој пат на момченце.

Складниот пар веќе има три и пол годишна ќерка Анка, која несомнено е најсреќна што ќе стане постара сестра.

Трудната Невена Божовиќ во неодамнешно интервју за Лепота & Здравје откри дека ужива во благословената состојба и дека втората бременост ѝ е полесна од првата.

Невена Божовиќ за мајчинството и односот со сопругот

„Секако, искуството сега ми овозможува да знам што ме очекува и можеби подобро да се соочам со тоа. Кога ќе добиете дете, сè се менува, па така и самата мотивација за создавање. Одсекогаш сум се сметала за амбициозна и посветена личност, но тогаш сфаќате дека може уште повеќе. Добиете една животна мотивација што ве движи секој ден, секое утро кога ќе ги отворите очите“, изјави трудната Невена Божовиќ и можеби за првпат откри детали за односот со сопругот.

„Мојот сопруг и јас имаме исти приоритети, принципи и желби. Ја имам неговата поддршка во сè, како и тој мојата, така што нашето заедништво доаѓа сосема природно – на тој начин полесно ги поминуваме сите предизвици и одлично се разбираме.“

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …