Netflix со еден потег ги разбесни филмаџиите: „Не заебавајте се со нашето време“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тестирајќи ја новата опција со чија помош гледачите на филмови и серии истите можат да ги гледаат „на забрзано“, Netflix ги разбесни голем број режисери, актери и продуценти. Со својата нова опција Netflix на гледачите би им понудиле можност да изберат брзина на репродукција на содржината која ја гледаат од 1,25 до 1,5 пати побрзо од нормалната.

На филмаџиите тоа воопшто не им се допадна, а меѓу првите се побуни режисерот и продуцент Џад Аптоу.

„Не, Netflix. Не ме терајте да им се јавувам на секој режисер или автор на серија на цел свет за да се побуниме против ова. Заштедете ми време. Би победил, но ќе ми одземе проклето многу време. Не заебавајте се со нашето време. Ви даваме добри ствари, оставете ги онакви какви што треба да бидат гледани“, напиша тој на Твитер.

„Дали конзументите би сакале да јадат или да имаат секс 1,5 пати побрзо? Дали се во право? Мора ли сè да биде дизајнирано по волја на најмрзливите и на оние со најмалку вкус?“, се побуни и режисерот Питер Ремзи.

„Стоп. Како личност за која се говори во оваа статија, имам потреба да се огласам. Нема шанса Netflix да го воведи ова. Тоа би значело целосно преземање на контролата врз нечија уметност и нејзино уништување. Netflix е подобар од тоа. Во право сум, Netflix?’, напиша актерот Арон Пол.

Од Netflix велат дека овде станува збор само за тестирање нова опција.

„Секогаш испробуваме нови начини со кои би им помогнале на корисниците. Овој тест овозможува менување на брзината на репродукција на содржианта за луѓе кои ги гледаат сериите на мобилни. Како и било која тестирана опција, ни оваа не значи дека нужно ќе остане на Netflix“, изјави портпаролот на компанијата.