Netflix го зголеми бројот на претплатници за скоро 16 милиони гледачи во првите три месеци од 2020


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Благодарение“ (каква иронија) на епидемијата на коронавирусот која од темел го потресе светот и глобалното општество, американски сервис за видео стриминг Netflix во првиот квартал од годинава забележал нови 15,8 милиони претплатници, што претставува најголем квартален раст во историјата на компанијата.

Исто така, Netflix во првиот квартал остварил приход од 5,77 милијарди долари, што претставува раст од 1,25 милијарди во споредба со првиот квартал минатата година. Вкупниот број на претплатници ширум светот сега е околу 182 милиона.

Најгледани содржини на Netflix во првиот квартал биле документарната серија „Кралот на тигрите: Убиство, хаос и лудило“, реалното шоу „Љубовта е слепа“ и филмот „Спенсер конфиденшал“.

И продажбата на видео-игри во САД на месечно ниво, значително се зголемила во текот на март, бидејќи Американците се принудени да останат во своите домови поради коронавирусот.

Споредено со март минатата година, продажбата на видеоигри и конзоли за играње е зголемена за 35 проценти, достигнувајќи вредност од 1,6 милијарди долари. Ваков раст не е забележан уште од март 2008 година.