Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Продукцискиот гигант од светот на „онлајн“ телевизијата, Нетфликс, доаѓа во Македонија, каде ќе започне со снимање на дел од нивната нова мини-серија.
Директорот на агенцијата за филм истакна дека го радува фактот што сериозната продукција на Нетфликс ја дава довербата на нашата земја.
На денешната прес конференција, продуцентката Лабина Митевска истакна дека серијата во продукција на Нетфликс се рабоити под името „Во Вечерта“ и претставува огромен предизвик за македонските филмски работници. Во рамки на овој проект на Нетфликс, во Македонија доаѓа и фудбалската легенда на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона.
Серијата ќе има осум епизоди и првиот дел ќе се снима во Македонија, а вториот во Бугарија. Во Скопје ќе се снима на аеродромот во почетокот на октомври. Митевска вели дека ќе дојде екипа од 100 луѓе, но сѐ уште не може да открие кои се актерите.
Долгометражниот игран филм Сирена во Париз, на Sony Pictures ,кој целосно ќе се снима во Македонија е вториот проект најавен од страна на Агенцијата за Филм и продукцијата „Сестри и Брат Митевски“ продукција, кој отвара нови хоризонти за развој на филмското творештво во нашата земја и зацврстување на нашата земја како пожелна дестинација за реализирање на комплексни филмски проекти, финансиски поволни за нашата земја.