Несторовски заедно со Пандев: Џенова прави македонски тандем!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски најверојатно ја игра последната сезона во дресот на Палермо, без разлика дали клубот од Сицилија ќе се врати во Серија А.

Несторовски и оваа сезона е најдобар стрелец во тимот на Палермо со 13 постигнати гола и го привлекува вниманието на многу клубови од Серија А.

Минатата сезона „Несто-гол“ остана во Палермо за да му помогне на тимот да се врати во елитата, но ова лето најверојатно ќе ја промени средината.

„Спортмедиасет“ пренесува дека најсилен интерес за Македонецот покажуа тимот на Џенова, каде Несторовски може да игра заедно со Горан Пандев во нападот.

Медиумот тврди дека Џенова наскоро ќе оствари и официјален контакт со Палермо, а трансферот би можел да изнесува помеѓу 8 и 10 милиони евра.