Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски оваа сезона е хит во Серија А, па имаше ексклузивно интервју во реномираната „Газета дело Спорт“.
Несторовски за „Газета“ за својот идол, односот со Пандев и им порача на фановите дека и следната сезона се гледа себе си во Палермо.
„Го знам планот за опстанок. Треба да останеме обединети докрај и напорно да работиме. Се надевам дека ќе се видиме со навивачите на Палермо и следната година. Апсолутно сум задоволен во Палермо и сакам да останам тука“, изјави Несторовски.
Несторовски во Италија го споредуваат со легендарниот Пипо Инзаги, за Македонецот не крие дека тој е неговиот идол од детството.
„Пипо е икона на италијанскиот фудбал и идол на голем број на фудбалери. Ќе бидам задоволен доколку постигнам и половина од тоа што го има направено тој во фудбалот. И за такво нешто ќе ми треба многу труд, добри игри и голови“, вели Македонецот и на крај проговори за својот однос со Пандев.
„Горан е „златното“ момче на македонскиот фудбал. Голем е вистински професионалец и од него може многу да се научи. Остави траен белег во Серија А, и на светската сцена. Одлични пријатели сме и верувам дека со него оваа генерација на фудбалери можат да и донесат многу радост на Македонија со добри резултати на нашата репрезентација“, заврши Несторовски.