Несторовски пред трансфер на кариерата!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски кој оваа сезона се етаблираше во фудбалска Европа со добрите игри во Палермо, наскоро би можел да го направи „трансферот на кариерата“.

Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека голгетерот на Фиорентина, Никола Калиниќ е пред трансфер во Милан, а „виолетовите“ за негов наследник го избрале токму Несторовски.

Според најавите од Италија, трансферот на Нестороски би можел да се реализира на почетокот на идната седмица.

По завршувањето на сезоната, Несторовски потврди дека посакува да продолжи со своите настапи на Сицилија, но јасно е дека доколку пристигне понуда од Фиорентина нема да може да ја одбие.