Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со синоќешното завршување на сите бараж мечеви за квалификации на претстојниот европски фудбалски самит, на кои учеството, покрај Македонија, го потврдија Шкотска, Словачка и Унгарија, познати се сите учесници на Европското првенство.
Завршија сите мечеви од баражот за ЕВРО 2020 а со тоа се комплетираа и сите учесници на континенталниот собир. Откако Македонија избори историски прв пласман, синоќа последните билети ги чекираа Шкотска, Словачка и Унгарија.
Во Белград, Лука Јовиќ со гол во 90. минута ја врати надежта кај Србија, но Александар Митровиќ беше трагичар во пенал серијата, промаши од белата точка па нашиот северен сосед остана без Европско првенство а Шкотска започна големо слајве.
Во Северна Ирска, домаќинот по продолженија загуби од Словачка. Херој на гостите беше Дуриш, кој со гол во 110. минута донесе триумф од 1-2.
Возбудливо беше и во Будимпешта каде Исланд со голот на Сигурдсон во 11. минута поведе со 0-1 и водеше практично цел меч. Но домаќините направија чудесен кам-бек, најпрво Него изедначи во 88. минута, за Собослаи во втората минута од судиското надополнување да тргне сам од половина терен и од 20 метри прецизно да бие за победа од 2-1.