Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
19-годишната нишлијка Ивана М. со својата трагедија го потресе Ниш минатиот викенд.
Според информациите кои ги пренесуваат српските локални медиуми, Ивана во обид да си направи селфи видео за на интернет, паднала од покривот на една станбена зграда и го загубила животот.
Српските медиуми пренесуваат дека Ивана додека го снимала видеото се движела наназад по покривот. Во еден момент дошла до работ, изгубила рамнотежа и паднала на плочникот. Лекарите од брзата помош констатирале смрт на самото место.
Ноќта помеѓу сабота и недела, со уште двајца пријатели била на покривот од станбената зграда.
„Слушнавме како некој вика помош, помош. Кога излеговме надвор од зградата видовме тело на девојче. Беше страшно. Се уште не можам да дојдам на себе од шокот“ – изјави жена сведок на трагедијата, која живее во зградата.