Неславен крај: Хедер Локлир осудена на 30 дена престој во психијатриска болница


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Хедер Локлир, актерката која светот ја запозна преку нејзините улоги во сериите „Династија“ и „Мелроуз Плејс“, осудена е на 30-дневен престој во психијатриска болница, пренесуваат американските медиуми.

Обвинението кое е поднесено против актерката содржи осум точки, вклучително и физички напад на полицаец и медицински лица од Брзата помош. Доколку не ги исполни нејзините казнено одредени обврски, ја чекаат уште четири месеци затвор.

Судот ѝ нареди на актерката да не консумира алкохол, како ни лекови за кои нема лекарски рецепти и ѝ даде рок до 6. септември да започне со лечењето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Trending News Source (@thedailyaurora) on

Локлир беше уапсена на почетокот од минатата година, откако полицијата одговорила на повик од нејзината куќа.

Таму ја затекнаа пијана, а следеше давање отпор при апсењето од нејзина страна, после што нападна еден од полицајците, а повреди и еден медицински техничар кој се обидувал да ја смести на болничката носилка.

Освен тоа, во февруари 2018 година Локлир беше уапсена за семејно насилство кога, како што пренесуваа медиумите, му се заканувала на вереникот, а неколку месеци подоцна ги нападна и родителите.