Нешто повеќе од 300 евра ограбени од струмичко „Тобако“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Непознат сторител рано изутрината со закана со пиштол извршил разбојништво над вработена во „Тобако“ на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица и одзел околу 19.500 денари, по што го напуштил местото на настанот.

МВР информира дека кражбата околу 04:45 часот била пријавена во полиција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.