Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мадридскиот весник „Марка“ објави интересна информација поврзана со очекуваните новини за иднината на Андрес Иниеста.
Беше најавено утре капитенот на Барселона да објави официјално на пресконференција дека на крајот на сезоната ќе се пресели во Кина.
Меѓутоа, „Марка“ тврди дека легендарниот плејмејкер се уште не може да се договори со кинескиот клуб за деталите околу платата, па поради тоа неговиот трансфер во Кина воопшто не е сигурен. Поради тоа откажана е пресконференцијата која требаше да се одржи утре (петок).
Според информациите Иниеста сака годишна плата од 20 милиони евра, но претседателот на Чонцин се уште нема дадено конечен одговор.
Денес Иниеста требаше да има средба со соиграчите на која ќе им соопшти дека заминува од клубот, но и тоа не се случи.