„Несакајќи беше“: Извинување од Бојко Борисов за тоа што не нарече Северномакедонци (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев, бугарскиот премиер Бојко Борисов упати извинување до граѓаните на Македонија за тоа што ги нарече Северномакедонци.

На прашањето дали е можно Бугарија да го стави под прашање зачленувањето на Македонија во ЕУ, тој категорично ги отфрли сите вакви можности.

„Не би сакал да мислам дека е можно да се дојде до такво прашање, по сите напори што ги направивме, да дојде ситуација да кренам рака против Република Северна Македонија е недопустливо. Затоа нудам и на колегата Заев секојдневно да работат експертските комисии за да се унапредува тој процес. Зоран е свесен сум се борел со Германија и Франција да се помогне на Македонија, и да допуштиме да биде земјава блокирана, тоа не го дозволувам ни како помисла“ – рече Борисов на зедничката прес конференција.

Тој додаде дека додека комисиите ги решаваат прашањата за историските личности кои ги поврзуваат двете земји, политичарите треба да внимаваат на нивните изјави. Сепак, иако се извини дека не нарекол Северномакедонци, Борисов не се поправи нарекувајќи не Македонци, туку според Преспанскиот договор со терминот Граѓани на Република Северна Македонија.

„Треба да внимаваме, не само да се поклонуваме пред хероизмот на овие луѓе. Професорот Ангел Димитров ми даде историска лекција. Додека доаѓавме на секое ритче над кое прелетавме ми посочи дека се погинати илјадници луѓе. Овие земји се напоени со крв, илјадници погинале за да бидеме сега заедно тука, за регионот да има перпскетива. Тука нема ритче кај што не загинал човек. Моја грешка е што реков северномакедонци, извинете, граѓани на Република на Северна Македонија простете, но несакајќи тоа го кажав и беше претставено како да сакам некого да убијам. Ако ова вака продолжи ќе ни се смеат во Европа“ – рече Борисов.