Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Еден од баткиве бил застанат и било побарано да се легитимира бидејќи не носел заштитна маска согласно една од актуелните превентивни мерки кои се на сила кај нас заради коронавирусот. Дали е тоа паметна, ефективна и добра мерка – тоа е едно прашање, ама кога тоа е владина мерка, а полицијата е вршител на санкции согласно таа директива, едноставно нема есап да се расправаш со џандарите, особено ако си виновен. Е сега, еден од баткиве во сета таа тензија го фати еден од полицајците за врат, па потоа следуваше драмата и колективното апсење. Не дека ги браниме или правдаме полицајците, не ни се нешто многу омилени и драги, ама момциве се прилично смотани, овој го снима другарот како напаѓа цајкан фаќајќи го за врат и му вика на цајканот – „ќе го јадеш за ова“. Еве, баш нè интересира како. Реално, полицијата е зезната структура, кај нас тоа го посведочивме безброј пати изминативе години. А сведоци сме дека во САД за вакви ситуации цајканите се брутални и веднаш пукаат со огнено оружје.