Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новинарот Фуркан Салиу ја соочи директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова со интерни документи за кои, како што потврди таа се оригинални, извадени од Клиниката, на кои стои дека таа добивала огромни суми како директорка и доктор.
Според тоа што се слуша на видеото Софијанова добивала над 3000 евра месечно од клиниката а огромен дел од тоа се надомест за дежурства на кои според Салиу таа не била на работа.
Кога Салију и ги подава документите издадени од Клиниката што ја води таа му се заканува. Притоа таа признава дека се работи за оригинални документи од клиниката и бара новинарот да и ги даде имињатана тие што ги откриле документите за медиумот.
Според видеото Софијанова земала повеќе пари за дежурства отколку што и е основицата на плата.
Видеото завршува со закана од Софијанова дека ќе се јави некаде од каде Салиу треба да биде дисциплиниран.