Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Расте нервозата во таборот на Баерн Минхен после вчерашниот изнендувачки пораз од Хофенхајм со 2:0.
Прв кој ги крена гласот и упати јавни критики кон раководството на Баерн, е Роберт Левандовски кој им порача на челните луѓе дека треба да трошат повеќе пари.
„Баерн ќе мора да покаже поголема креативност доколку сака во Минхен да ги привлече најголемите ѕвезди. Ако сакате да освојувате трофеи, тогаш мора во клубот да имате квалитетни играчи“, изјави Левандовски.
Ваквата изјава на Левандовски доаѓа како одговор на претседателот Ули Хенес кој неодамна изјави дека Баерн не планира да троши големи суми за трансфер на фудбалери.