Нервно растроена жена ги малтретира и физички ги напаѓа жителите на Капиштец (снимка)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Нервно растроена жена, за која соседите од скопската населба  Капиштец велат дека се вика Ана, со години ги вознемирува граѓаните со вербални напади и хистерично викање, а последно физички нападнала соседка, пренесува Фокус.

Нападнатата жена со иницијали Б.С.Г. завршила со тупаници по глава, влечење за коса, по што случајот го пријавила во полиција. Како што објави на социјалните мрежи, споделувајќи видео од жената, од полиција и кажале дека нивната законска ингеренција е ограничена, и ништо не можат да преземат.

Таа апелира за помош, односно прашува дали постои разумно, законско и системско решение за овој случај. И други жители на Карпош сведочат дека жената боледува од шизофренија и многу пати била пријавувана во Полициска станица Беко. Појаснуваат дека имала брат во Охрид и сестра во Скопје, но едноставно била препуштена на себе, а соседите секојдневно живееле во страв. Прашуваат дали таа треба да продолжи да ги тепа, да ги вознемирува со вриштењето, или пак евентуално, дури и некого да убие.

-Ментално болната жена, која живее во мојата зграда, утрово штом излегов од лифт физички ме нападна, со тупаници по глава, влечење за коса, врескање, вреѓање. На моите повици за помош никој од соседите не излезе. Боледува од шизофренија, со години без терапија, без медицински или каков било друг надзор. Против неа има десетици пријави во МВР, денеска уште една. Во ПС„Беко“ сите ја знаат, затоа што понекогаш им вреска и на полицајците, еднаш со камен ги гаѓала. Во моја зградата има дестина луѓе кои и се редовен „таргет“. Со најпогрдни зборови вреѓа, се заканува, ги вади од памет децата, а еве од денеска почна и да тепа. Полицијата прв пат ја контактираше нејзината сестра, близначка. Таа уште еднаш, колку што можев да слушнам од телефонот, рече дека нема да преземе чекор за болната извесно време да се лекува во институција, бидејќи „не била задоволна од третманот на пациентите во институцијата каде што пред 15 години еднаш била сместена“. Вака, оставена да ги малтретира, утре може и да убие некого од соседите, за сестрата е поподносливо. Полицијата вели дека нивната законска ингеренција е ограничена – ништо не можат да преземат. Да се покрене тужба е беспредметно, болната има документ дека е непресметливо лице, таквите не одговарале пред закон. Еднаш побарав совет од владин службеник за социјални прашања, но не добив одговор. Постои ли некакво решение? Разумно, законско, системско? Видеото е вознемирувачко, но тоа е нашето секојдневие -пишува нападната жена на социјалните мрежи, на што жители на Капиштец кои се запознати со случајот со растроената жена, се надоврзуваат дека институциите мора под итно да реагираат и да ја сместат жената во соодветна институција, пред некој сериозно да настрада.