„Непшава“: Груевски стигнал во Унгарија со бугарски пасош


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според написите на унгарскиот весник Непшава, унгарската влада била дел од организацијата и реализацијата на бегството на бившиот македонски премиер Никола Груевски од Скопје во Будимпешта.

Најсериозната информација пак која ја објави тој медиум, како што пренесе Телма, е дека Никола Груевски патот Скопје-Будимпешта го поминал со бугарски пасош.

„Проверете со бугарските влати“, бил одговорот на членот на унгарската влада кој се занимава со прашањето за азил на Груевски. Новинарите ги интересирало како екс македонскиот премиер стигнал во Будимпешта без патна исправа која му ја одземал судот во Скопје.