Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Резултатите кои беа добиени од една студија посветена на овој проблем укажуваат на тоа дека дури и една непроспиена ноќ кај здравите мажи го зголемила присуството на протеинот тау во нивната крв, во споредба со една цела ноќ непрекинато спиење.
Студијата покажала дека зголеменото ниво на овој протеин е поврзано со зголемениот ризик од појавата на Алцхајмеровата болест, пишува Си-Ен-Ен.
„Нашата истражувачка студија покажува дека дури и кај младите, здрави поединци, пропуштањето да се преспие една ноќ го зголемува нивото на протеинот тау во крвта, што наведува на заклучок дека со текот на времето ускратувањето на сонот може да доведе до штетни ефекти“ – предупредува авторот на студијата, познат невролог од универзитетот во Упсала, Шведска.