Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Гледачите на ВВС останаа зачудени откако го изгледаа интервјуто со сер Дејвид Атенбороу кое го водеше Нага Манчети во емисијата ВВС Breakfast.
Атенбороу ги повика луѓето да учествуваат во досега најголемото броење на пеперутки на територија на Велика Британија и интервјуто течеше нормално сè додека се зборуваше за таа кампања.
Но, кога водителката почна да го распрашува за неговата неодамнешна средба со кралицата Елизабета II, легендарниот Атенбороу наеднаш го промени расположението и почна да одговара со доста кратки реченици што создаде прилично неудобна и непријатна атмосфера.
Watch now to hear the legend that is Sir #DavidAttenborough talking about the #bigbutterflycount pic.twitter.com/btSNSKGhMQ
— BBC Breakfast (@BBCBreakfast) July 20, 2018
Она што уште повеќе ги зачуди гледачите е последното прашање на несреќната водителка „Зошто пеперутките се толку шарени?“, на кое Атенбороу само почна да се смее.
„Морав да го исклучам телевизорот бидејќи ова интервју со Атенбороу беше повеќе од чудно“, коментараше една твитерџика.