Непријатни сцени: Новинари на A1.on физички нападнати на протестот пред Собрание (фото)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Со тупаници по глава и по телото вчера вечерта беа нападнати снимателот и новинар на А1он од демонстрантите пред Собранието на Република Македонија.

И двајцата со возило на брза помош беа пренесени во ургентен центар. Дел од демонстрантите ја искршија и камерата на А1.он по што избегаа од местото.

Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија која е организатор на протестот очигледно не успеа да ги заштити медиумските работници, А1.он ќе поднесе пријава против организаторот и ќе бара надомест на штета за дивјачкото и примитивно однесување.