Непријатни „смрдливи ветрови“: 6 причини зошто настануваат и што говорат за здравјето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради сета таа храна и воздухот кои ги голтаме, во цревата се создаваат гасови, како и бактерии кои ја разградуваат храната. Гасот кој се создава кога ќе се „сварат“ скробот и шеќерот нашиот организам мора да го исфрли.

Подуеноста на стомакот, поточно во желудникот, после храната може да укажува на серија проблеми, а посебен проблем можат да бидат „смрдливите ветрови“. Иако сите живи суштества испуштаат гасови, одреден мирис на истите, зачестеноста и силата на таквите појави можат да ви кажат дека нешто не е во ред со вашиот организам.

Просечна здрава личност испушта гасови околу 18 пати на ден, што значи дека цревата добро функционираат и дека има доста добри бактерии. Во случај на смрдливи „ветрови“ и болна подуеност, еве некои од причините кои можат да ги предизвикаат истите.

1. Пребрзо јадете

Ако имате навика брзо да јадете и да зборувате додека јадете, на тој начин голтате многу воздух. Големата количина на воздух измешана со храната доаѓа до желудникот и предизвикува подуеност. Ослободувањето на гасовите настанува поради премногу воздух. Гасовите во овој случај можат да бидат проследени и со ждригање.

2. Храната може да создва смрдливи „ветрови“

Гасовите со силен и изразен мирис можат да настанат и поради сулфурот, кој се создава кога ќе се вари храната која содржи сулфур. Некои од намирниците кои го содржат овој елемент се: брокула, млечни производи, сирења, грав, грашок, авокадо, сливи, леќа, лук и кромид.

Силни и смрдливи „ветрови“ може да предизвика и црвеното месо, но во помали количини. Гасовите со силен мирис можат да бидат создадени и од исхраната богата со влакна. Не значи дека сте болни, туку дека организмот потешко ги вари влакната и лактозата.

3. Пореметен број на бактериите

Бактериите во цревата предизвикуваат ферментација, то ест разградување на храната која ја јадете. Процесот на ферментација почнува во желудникот и после тоа во дебелото црево. Понекогаш, може да продолжи и во танкото црево, поради што може да дојде до ослободување на гасови кои ги исфрлате во облик на смрдливи „ветрови“.

4. Нередовно варење и празнење на цревата

За здравјето на вашиот организам нужно е да обавувате голема нужда која помага во исфрлањето на остатокот од храната кој не ви е потребен. Ако ја „задржувате“ потребата од голема нужда (читајте „ако се стегате да одите по голема нужда“) храната предолго ќе остане во трактот за варење. Во тој случај бактериите ќе се активираат, ќе создадат ферментација и ќе почнете да испуштате непријатни гасови. Задржувањето на гасовите, исто така, може да предизвика враќање на истите во вашите црева и понатамошен развој на лоши бактерии.

5. Тешка и нездрава храна

Не заборавајте дека секоја храна која ја јадете останува во организмот подолго отколку што мислите. Дури и ако имате брз метаболизам, пржената и мрсна храна тешко се вари и долго се задржува во цревата. Во случај на предолго задржување на истата во цревата, се ослободува вишок количина на гасови и се создаваат смрдливи „ветрови“. Истото важи и за газираните пијалоци кои го отежнуваат варењето на храната.

6. Инфекции и чирови во желудникот

Ако покрај смрдливите „ветрови“ чувствувате и тешки болки во желудникот, имате болна голема нужда или често имате нагон за повраќање, можно е да станува збор за некои потешки проблеми на желудникот. Некои од проблемите на кои можат да упатуваат смрдливите „ветрови“ се киселина во желудникот, чир на желудникот или инфекција на цревата. Ако ги чувствувате овие симптоми, обратете се до вашиот лекар што побрзо, бидејќи задоцнетото лекување на чиревите и инфекциите може да биде погубно за вашето здравје.