Advertisements
Филм / ТВ

Непријатна теорија за инцест би можела да го уништи „The Lion King“

Обожавателите на The Lion King минатиот месец ја дочекаа премиерата за новото, филмско издание на оваа анимирана приказна.

Филмот соборува рекорди во гледаност, а ги поправи и неколкуте ситни грешки во сценариото кои гледачите ги имаа „уловено“ во цртаната верзија од 1994 година. Сепак, филмот не даде одговор на едно од најголемите и најмистериозни прашања за обожавателите на оваа франшиза – кој е таткото на Нала?

На Reddit веќе со недели трае расправата околу бизарната теорија дека Симба и Нала се во сродство. Во цртаниот филм Муфаса и неговите лавици се прикажани како крал и негов харем, што би значело дека Муфаса имал односи за парење со сите лавици во чопорот, па и со Сарафина, мајката на Нала.

Оттука, една од теориите е дека Муфаса е татко на Нала, што значи дека Симба е нејзин полубрат. На Reddit оваа бизарна теорија е поткрепена со цитати од филмот, во кои Симба дава комплименти на Нала дека сè повеќе личи на Муфаса, а таа му одговара дека е добро што барем еден од нив двајца личи.

Друга теорија е дека татко на Нала, всушност, е Скар, имајќи во предвид дека во цртаниот филм единствено тие двајца имаат сини очи.

Третата теорија е онаа која им е најдрага на обожавателите. Таа вели дека во нивниот чопор повремено свраќал трет лав кој во филмот едноставно не се споменува.

Advertisements
To Top