Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лице чиј идентитет засега не е познат, облечено во бела мантија веќе неколку ноќи по ред им излегувало на кавадарчани на влезот од патеката кај 12-те деца, и ги плашело.
Откако во неколку наврати граѓаните сведочеле на сцената со човекот во мантија, кој игра, се врти, а и фрлал со камења, а сега успеале и да го снимат, пренесува Фокус.
Видеото со него е објавено на социјалните мрежи посветени на градот, и граѓаните прашуваат за што станува збор, дали се во прашање некои пагански обичаи, или пак некој само сака да ги заплаши оние кои пешачат на патеката.
Сепак, и покрај вознемиреноста, никој се уште не го пријавил лицето во полиција. Од СВР Велес за „Фокус“ изјавиле дека официјално не добиле пријава за лице кое ноќе игра и фрла со камења по минувачите, па охрабруваат доколку има таков случај, истиот да го пријават.