Непознати лица го претепале Бранко Синадиновски – основач на Верската заедница на православни Албанци


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Основачот на Верската заедница на православните Албанци во Македонија, Бранко Синадиновски, вчера попладне бил нападнат и претепан од непознати напаѓачи. Алсат М дознава дека Синадиновски е нападнат физички од две непознати лица. Случајот е пријавен во полиција.

Повеќе информации за вчерашниот напад врз професорот Бранко Синадиновски даде неговиот зет кој за медиумите на албански јазик открива дека нападот е точно дека се случил пред зградата во Аеродром во која живее.

Синадиновски бил нападнат од двајца непознати напаѓачите. Сега се наоѓа надвор од животна опасност, но бил жестоко удиран и клоцан по главата, лицето и стомакот. По нападот брзо бил префрлен во болница со помош на лица од околината, открива неговиот зет.

Полицијата ќе го истражува нападот врз Бранко Синадиновски во обид да ги пронајде сторителите.

Тој е контроверзна личност во јавноста бидејќи тврдеше дека дел од Македонците во мариовскиот крај биле словенизирани Албанци и потоа ја формираше новата верска заедница на православни Албанци.