Home Спорт Неповторливиот Гатузо: Ако дедо ми имаше три јајца, ќе беше флипер!

Неповторливиот Гатузо: Ако дедо ми имаше три јајца, ќе беше флипер!

Гатузо ја промени професијата, но не и карактерот. Рино беше таков и како фудбалер, а сега и како тренер.

Гатузо денес ги насмеа сите на пресконференцијата пред утрешното дерби, кога го анализираше поразот од Јувентус.

„Росонерите“ играа одлично во Торино, но на крајот сепак загубија со 3:1. Гатузо беше запрашан, што би било ако пречката на Чаланоглу беше гол при резултат 1:1.

„Ако дедо ми имаше три јајца ќе беше флипер“, во свој стил одговори Гатузо.

„Се надевам дека ќе ја повториме играта од натпреварот против Јувентус. Мораме да го унапредиме менталитетот и желбата, да се бориме до последен здив. Ова е дерби, натпревар во кој често пати послабо пласираниот знае да победи. Конечно миланското дерби е важно за двата тима. Интер не е истиот тим од пред еден месец, многу се подобри“, заклучи Рино.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…