Неповторливата Феј Данавеј во комбинација со Gucci – вака изгледа тоа (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Оскаровката Феј Данавеј во последното рекламно видео за „Gucci“ блесна со својата фантастична непосредност пред камерите.

Видеото е снимено во Лос Анџелес, а Данавеј во него оди во шопингува на Родео драјв со огромен шешир на главата, шета рака под рака со Соко и околу неа се вртат илјада слугинки. Феј и нејзината „ќерка“ Соко се излежуваат покрај базен, комплетно облечени во неверојатни креации на Алесандро Мишел.

Потоа одигруваат партија тенис, за што Данавеј облекла тренерка од чипка, и на крај, ја запознава Соко со својата специјална ташничка Силви.