Неперениот легендарен џемпер од Курт Кобејн продаден за 334.000 долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Култниот џемпер на легендарниот гранџ музичар и лидер на славните „Nirvana“, Курт Кобејн, кој тој го носеше на концертот MTV Unplugged 1993 и никогаш не бил испран, достигна астрономска цена на аукциска продажба.

На аукциското наддавање во Њујорк, џермперот со флеки и изгорен на места со цигари е продаден за 334.000 долари. Џемперот го продаваше пејачот Гарет Клетијан, кој пред четири години го купил за 137.500 долари.

Заедно со џемперот се продава и писмо кое го напишала Џеки Фери, пријателка на Кортни Лав и дадилка на нивната ќерка Франсис Бин Кобеин, која го добила џемперот од Кортни по смртта на Кобејн.

Курт Кобејн изврши самоубиство на 5. април 1994 година.