Неоправдано изоставени: Девет играчишта кои следната сезона заслужуваат поголема минутажа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Не е тајна дека најбогатите светски клубови сè повеќе личат на тимови од соништата, екипи составени од 20 и кусур ѕвезди кои се мајстори на својот занает. Есапот е едноставен, постои премалку место за премногу таленти.

Ви пренесуваме девет мајсторски имиња на фудбалската игра кои со својот квалитет, перспектива, талент и игра заслужуваат многу поголема минутажа на теренот и доверба од своите тренери од оние кои ги имаа изминатава сезона, па ова лето би требало да побараат нови предизвици. Овие играчи би требало да бидат најголемите приказни за овој трансфер период.

Хамес Родригез

После брилијантното Светско првенство, Колумбиецот делуваше како најдобра „нова“ десетка на светот и беше само прашање кој „тешкаш“ ќе понуди најмногу за неговата игра. Реал има најквалитетен среден ред на светот, но дури и Иско како шпански национален проект и човек кој донесе дополнителна димензија во играта и му ја зачува титулата на Реал, мораше да чека на повредите од Бејл за да се афирмира како првотимец. Сосема е јасно дека Колумбиецот не е ниту прв, ниту втор, па и ниту трет избор. Штета би било фудбалската јавност да остане скратена за неговите квалитети на теренот во најпродуктивните години, бидејќи станува за вистински врвен и интелигентен играч кому му е доволно и најмал дел од теренот за создавање опасности кон противничките голови. За споредба, Тони Крос оваа сезона запиша 2.346 минути игра повеќе.

Алваро Мората

Брз, силен и технички одличен напаѓач со непогрешливо чувство за игра кој е секогаш „тука некаде“, но е далеку од тоа да биде прва опција во нападот од Реал. Тимот и понатаму е (оправдано) подреден на Роналдо, па и Карим Бензема спремно ја прифати улогата на секундарен напаѓач и човек кој ги креира завршниците на нападот, како некогаш во Лион. За расниот стрелец во најдобрите години од кариерата 1.872 игра не се доволно, посебно не затоа што добар дел од тие минути отпаѓаат во “garbage time”, односно време и ситуации во кои Реал веќе го има решено натпреварот, па внесува играчи од клупата да првотимците да ги зачува свежи.

Нолито

Сјајниот Шпанец брилијантно ја започна кариерата на Островот, а Манчестер Сити изгледаше како нов првак веќе после првите неколку кола од сезоната. После суспензијата од два натпревари поради црвен картон, повеќе никогаш не се врати на вистинската минутажа – пропорционално со тоа, паѓаше и Сити кој имаше потпросечна сезона. Беше тешко да се сфати зошто Пеп се откажа од услугите на еден од најопасните крилни напаѓачи во лигата, но неодамна откриените проблеми со прилагодувањето нудат делумен одговор. Нолито веројатно самоиницијативно ќе замине во потопли краишта.

Келечи Ибеаначо

Можеби е претенциозно да се бара поголема минутажа за младиот Нигериец, со оглед на тоа дека му е конкуренција на Серџо Агуеро, но овој „клинец“ е предобар за да чека нечија повреда. Не може уште да се носи со нападот од најголемите клубови на светот како прва опција, но има изразито перспективна комбинација од брзина, талент и класа. Има само 20 години, а веќе зад себе има неколку одлични натпревари во Премиершип.

Даниел Стариџ

Малку е повреден, малку се опоравува, а најмалку игра. Тип кој процвета во сезоната кога противничките играчи безуспешно се обидуваа да го запрат Луис Суарез, дојде под закрила на тренерот кој од него бараше нешто што неговите претходници не бараа. А говорот на телото од Стариџ не оддава впечаток дека во целот му верува на Јирген Клоп. А дека Германецот него не му верува, јасно е по минутажата која ја добива во исклучително слабата со талент екипа.

Гржегорж Кричовјак

Тиаго Мота е одличен заден играч за врска, но неговите дани полека се одбројуваат. Пољакот се тешко изговорливо име е негова пророчка замена, но оваа сезона не се наигра откао во Севиља „докторираше“ на игра во срцето на средниот ред. ПСЖ доживеа голем потрес оваа сезона и хронично им треба промена на крвната слика. Ако Кричовјак не е предвиден за нов донор, под итно треба да се пресели на меридијани на кои повеќе ќе го ценат.

Ренато Санчес

Веројатно најголемата измама оваа сезона е изоставањето на одличниот Португалец од секој важен натпревар на Баерн – во својата прва сезона сè на сè само десет одиграни натпревари кога ќе се соберат сите негови одиграни минути на куп. На Европското првенство носеше тројца противнички играчи „со заби“, а таков спој на сила и елеганција долго време не е виден на тоа ниво. Елитниот талент мора да добие поголема шанса во екипата која со Лам, Робен, Рибери, Алонсо и Рафињо ионака треба да направи смена на генерации.

Даглас Коста

Блесна во првата сезона и покажа дека е најдобар дриблер во лигата, но оваа сезона Анчелоти доста умерено ги користеше услугите од својот најопасен играч заедно со Робен. Тешко е да се најде добра смисла и логика во ваквата одлука, а бледите игри и натпревари на Баерн во вториот дел од сезоната само го засилија впечатокот дека станува збор за погрешна тактика.

Габриел Барбоса

Нормален маж никогаш нема да сфати три нешта: жените, бејзбол правилата и…Интер. Нејасно е што сите четворица овосезонски тренери видеа толку добро во овој Интер за шанса да не добие една од најголемите надежи на бразилскиот фудбал, но фактот дека Родриго Паласио запиша пет пати повеќе минутажа треба законски да се санкционира.