Неофицијално: Груевски ќе поднесе оставка од претседател на ВМРО-ДПМНЕ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Неофицијално се дознава дека Никола Груевски веќе подолго време размислува да објави оставка од функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Според извори на „Цивил медија“ Груевски веќе ја донел оваа своја одлука и единствено се премислува околу терминот за објавата.

По катастрофалниот пораз на локалните избори, Груевски се наоѓа под силен притисок дури и од дел од своите најблиски соработници, да понесе одговорност за поразот и да поднесе оставка.

Иницијативата за внатрешни реформи веќе со месеци повикуваат на внатрешна демократизација на партијата и негова оставка од функцијата. Реформаторите добиваат се поголема поддршка од членството на ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна, пред некој ден, генералниот секретар Христијан Мицковски ја подгреа ваквата најава со интервју во кое наведе дека новиот лидер на ВМРО ДПМНЕ треба да има поддршка и од меѓународната заедница.