Актуелно

НЕОФИЦИЈАЛНО: Убиени двајца разбојници при обид за грабеж на менувачница во Кисела Вода!


Социјалните мрежи вријат од случката во Кисела Вода. Неофицијално, застрелани се двајца ограбувачи на менувачница.

Оружен напад се случил попладнево во менувачница во Кисела Вода на бул. „Борис Трајковски“, во кој неофицијално има две жртви. МВР потврди дека имало инцидент, но засега не потврдува дали има загинати.

Очевидци кои минувале кај Чешма во Кисела Вода слушнале истрели, а на местото има силно полициско обезбедување и амбулантни возила.

ДОПОЛНЕТО:

Во попладневните часови, поточно во 16 часот и 35 минути во Единицата за известување и команда добиена е пријава дека на улицата “Борис Трајковски“ во Скопје, во менувачница, имало пукање од огнено оружје, информираат од МВР.

Полициски екипи од СВР Скопје веднаш по дојавата излегле на местото на настанот каде што во присуство и надлежност на дежурен јавен обвинител е започнат увид.

-Според првичните сознанија, две засега непознати лица, на чија што идентификација се работи, влегле во посоченото време во менувачницата во која што се наоѓал сопственикот на истата, 58-годишниот Г.А. од Скопје.

Во обид да извршат разбојништво и вооружени со огнено оружје, настанала, прво, физичка пресметка со сопственикот на менувачницата, по што Г.А. посегнал по пиштол и пукал во правец на напаѓачите кои починале на местото на настанот, стои во полициското соопштение.

СВР Скопје во соработка и координација со дежурен јавен обвинител работи на расчистување на случајот и по неговото целосно документирање, јавноста ќе биде благовремено информирана, додаваат од МВР.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top