Home Спорт Неочекуван пресврт: Харт ќе ја брани мрежата на Манчестер Јунајтед?

Неочекуван пресврт: Харт ќе ја брани мрежата на Манчестер Јунајтед?

Пред англискиот голман, Џо Харт е многу неизвесна иднина.

Тој минатата сезона ја помина на позајмица во Торино, а ова лето се врати во Манчестер Сити и се уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.

Многумина споменуваат дека тренерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола планира да го испрати на уште една позајмица, но „Sunday Express“ денеска донесува информаија дека овој голман кариерата би можел да ја продолжи во Манчестер Јунајтед и тоа за 25 милиони фунти.

Овој англиски голман кариерата би можел да ја продолжи во редовите на големиот ривал, а таквата одлука сигурно не би им се допаднала на навивачите на Манчестер Сити.

Потсетуваме дека Харт е член на Манчестер Сити од 2006. година, а во текот на изминативе години си заминуваше на позајмица во разни клубови, а ова лето ќе видиме дали конечно ќе може да го промени клубот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…