Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кога неидeнтификуваниот објект со форма на цигара, долг околу 400 метри, во октомври минатата година помина низ нашиот Сончев систем, почнаа нагаѓања за што точно станува збор кои одеа дотаму да има тврдења дека станува збор за вселенски брод.
Научниците оттогаш се обидоа да откријат што точно е неидентификуваното тело кое во Сончевиот систем стигна од другите краишта на универзумот. Научниците од Хавард следната недела траба да го објават истражувањето според кое, како што пренесуваат медиумите, сугерира дека навистина би можело да станува збор за НЛО.
Откако објектот со должина од 400 метри, наречен Oumuamua, се појави во Сончевиот систем, го истражуваа различни астрономски тимови, меѓу кои и тандемот од Центарот за астрофизика од Harvard-Smithsonian, Шмјуел Бајли и Абрахам Лоеб. Треба да се потенцира дека овие двајца научници во својот труд не тврдат категорично дека дефинитивно станува збор за вонземски летечки објект, туку дека постои можност за тоа, со оглед на фактот како се движел објектот и како забрзувал. Тие пишуваат: „Може да биде целосно функционална сонда која намерно во близина на Земјата ја испратила вонземска цивилизација“.
Објектот кој беше забележан од опсерваторијата на Хаваи и го доби хавајското име Oumuamua (не е тешко да се запамтни – едно „оу“ и две „муа“), што значи „Гласник оддалеку“, се разликува од останатите објекти од Сончевиот систем по тоа што, за разлика од нив кои се движат по елипсовидна патека околу Сонцето, вклучително и астероиди, овој нема таква патека на движење. Се движи со преголема брзина за да биде привлечен од Сонцето и да се задржи во Сончевиот систем, по хиперболична линија на движење.
Астероидите со ваква форма обично настануваат во рана фаза на планетарните ситеми, кога планетите уште се судираат. Во еден таков судир се настанати и нашата Земја и Месечината. Штета што така брзо ни побегна, бидејќи со него ни замина и можноста за сето она што потенцијално можевме да го дознаеме со негово проучување.
Сепак, научниците и понатаму се обидуваат да откријат што повеќе за овој објект, а ова истражување кое треба да биде објавено на 12 ноември во научното списание The Astrophysical Journal Letters, е мал исчекор напред.