Ненормално астрономски заработки: Роналдо кешира 87, 5 милиони евра, следат Меси, Нејмар, Бејл


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Платите се горе-долу познати, но кој сега ќе собира уште и премии и приходи од спонзорски договори? Списанието Франс Фудбал во новото издание открива кои се најплатените фудбалери на планетата оваа сезона.

Самиот редослед можеби нема да ве изненади многу, но бројките можеби ќе ве фрапираат, бидејќи се значително поголеми од оние кои се споменуваат при потпишувањето на новите договори. Бонусите и пред сè, приходите од рекламите, ги умножуваат ионака енормно високите основни заработки со што најголемите фудбалски асови доаѓаат до вртоглави суми на кеш кои ги заработуваат на годишно ниво.

Перјаницата на мадридски Реал, Крстијано Роналдо, оваа сезона стана побогат за неверојатни 87,5 милиони евра. Веднаш зад него е Лионел Меси со приход од 76,5 милиони евра, па неговиот соиграч од Барса,Нејмар, со 55,5 милиони. Потоа следува Герет Бејл со 41 милион евра заработка на годишна основа, а на петто место е Езекиел Лавеци кој се опари со заминување на Далечниот Исток со 28,5 милиони евра. Објективно, многу повеќе отколку што вреди, барем во некои реални финансиски рамки.

Тројцата првопласирани заедно заработиле 219.500.000 евра (219,5 милиони евра), сума која никогаш досега не била достигната. Најплатените 20 заедно имале приход од астрономски 619, 2 милиони евра. Уште еден рекор, но за тоа поопширно ќе читаме денес, кога ќе излезе новото издание на Франс Фудбал.

Кога се тренерите во прашање, Жозе Мурињо на клупата од Манчестер Јунајтед е неприкосновен со 28 милиони евра. Марчело Липи како селектор на Кина зема 23,5 милиони евра, Лоран Блан на основа на сега веќе раскинатиот договор со ПСЖ заработи околу 20 милиони евра, додека Баерн, заедно со спонзорите, секако, ќе го награди Карло Анчелоти со 15,8 милиони евра. Пеп Гвардиола за функцијата шеф на стручниот штаб на Манчестер Сити може да смета на заработка од 14,5 милиони евра.