Ненадејно замина уште една музичка легенда: Почина гранџ иконата Крис Корнел


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На 52-годишна возраст, во Детроит, ненадејно почина фронтменот на групата Soundgarden, Крис Корнел, јави Фокс Њуз, повикувајќи се на публицистот на музичарот.

Нема информации за причината за смртта на Крис. Портпаролот на Корнел изјави дека смртта била неочекувана и дека музичарот немал никакви здравствени проблеми.

Крис Корнел е најдобро познат како пејач на бендот Soundgarden, како и на Audioslave, каде свиреше со музичарите од бендот „Rage Against The Machine“.

Корнел е еден од најпознатите и најпопуларните музичари во 90-те години, а Саундгарден, заедно со Nirvana и Pearl Jam, беа меѓу најпопуларните бендови во гранџ музиката.

Минатиот месец Корнел објави нова соло песна „The Promise“ и најави дека саундгарден имаатплан за снимање нов албум.