Home Актуелно Ненадејно почина бившиот пратеник Сашко Костов – добил срцев удар на судско рочиште

Ненадејно почина бившиот пратеник Сашко Костов – добил срцев удар на судско рочиште

Денеска, на 50-годишна возраст, ненадејно почина Сашко Костов, бивш пратеник во македонското Собрание од редовите на СДСМ.

Од Општата болница во Кочани потврдија дека околу 10:30 часот Костов бил донесен во критична здравствена состојба по доживеан срцев удар додека бил на судско рочиште во Основниот суд.

Костов беше пратеник од редовите на СДСМ во претходниот пратенички состав на македонското Собрание.

Тој е магистер на правни науки, а по завршувањето на пратеничкиот мандат работеше како адвокат. Беше татко на три малолетни деца.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…