Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Битола, вчера, на 57-годишна возраст, почина истакнатиот историчар на уметноста и козерватор од Битолскиот музеј, Ристо Палигора.
Ристо Палигора беше несебичен соработник со новинарите, а најчесто истражуваше и пишуваше за македонските цркви и манастири, за зографите и иконите. Во последното интервју за МИА, Палигора говореше за деветте цркви и ретките икони во селото Велушина. Неговата професионална кариера заврши со неговото последно авторско дело, монографијата за влашката црква „Св. Константин и Елена“, промовирана пред еден месец во овој град.
Ристо Палигора беше активен член, а во еден мандатен период и претседател на Комуната на Власите „Браќа Манаки“ во Битола.
Погребот на Ристо Палигора ќе биде извршен денес, на Светонеделските гробишта во Битола.