Вебкафе

„Ненадејно доби мензис за време на секс, типот побегна оти мислеше дека сум девица“

Корисниците на апликацијата Whisper анонимно ги споделија своите најлоши секс искуства, најчесто од секс авантурите за една вечер, а некои од нив навистина се чудни и бизарни.

„Му повраќа на типот во фиоката од ноќното масиче покрај креветот додека тој спиеше, го затворив и се правев како да не се случило ништо“, вели една девојка.

„Вчера имав блиц секс и мислев дека ќе остане кај мене само еден ден. Најлош дел од приказната: Уште е кај мене, а мене уште не ми текнува како се викаше“.

„Еден тип го убедив дека сме немале секс, бидејќи бев лута оти заспа за време на сексот“.

„Утрото после сексот за една вечер во неговата соба влезе мајка му и ми даде комбинезон, а потоа два часа разговараше со нас. Многу чудно“.

„Го исповратив цел кревет од типот со кој се сплеткав. Тој не се разбуди, па јас се извлеков од неговата куќа. Другиот ден доби порака со извинување дека насекаде било исповратено“.

„Имав секс авантура со дечко кој ми ја искина маичката од 120 долари, па му зедов 100 долари од паричникот утрото кога си одев“.

„Еднаш, еден тип ми ги фаќаше цицките и почна да пее: George, George, George of the Jungle. Тоа беше најчудното утро кое сум го имала после секс за една вечер“.

„Му реков на шефот дека сум во затвор само за да можам да бидам подолго во креве со девојката со која имав секс за една вечер“.

„Типот со кој се сексавме кај мене дома си го заборави паричникот. Кога го отворив и го најдов на Фејсбук за да го контактирам да му го вратам, видов дека има девојка. Го оставив паричникот таму каде што работи таа, само за да го заебам“.

„Се разбудив после секс за една вечер. Типката беше исчезната, заедно со мојата перница. Кој го  прави тоа?“

„Еднаш се измочав во кревет после многу пијан секс за една вечер. Среќа, таа мислеше дека тоа е истурено пиво“.

„Ненадејно добив менструација за време на секс за една вечер. Типот помисли дека сум девица и веднаш избега“.

„Еднаш се отрезнив за време на секс за една вечер и сфатив дека типот е ужасен – си ги собрав работите и си заминав среде секс“.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top