Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во изминатото деноноќие во Шведска беа регистрирани речиси рекорден број на лица кај кои беше дијагностициран коронавирусот – 790 новозаразени, со што вкупниот број надмина 21.000. До сега починаа 2.568 лица.
Вирологот кој ја предводи опуштената реакција на епидемијата од корона вирус во Шведска призна дека направиле одредени грешки во реагирањето на кризата затоа што денеска земјата забележа речиси рекорден број новозаразени, со оглед на тоа дека минатиот петок беа регистрирани 812 заразени.
Андрес Тенгел рече дека направено е премалку за да се заштитат лицата во домовите за стари, кои како што се претпоставува, се половина од речиси 2.500 починати.
Зборувајќи за СВТ, тој рече дека сметал оти вирусот ќе се задржи во вухан, но додаде дека нема кристална топка. Сепак, тој не отстапува од својата стратегија „без блокада“, за која Шведска сметадека долгорочно е поефикасна, пренесе Телеграф.
Тенгел во јануари рече дека нема причина за грижа, и нагласуваше дека нема причина да се стопира патувањето во кина. Здравствените надлежни зборуваа за тоа дека Вухан е способен да го сопре ширењето на вирусот, а тврдењата одеа до таму дека вирусот и не е толку заразен.
„Како и другите држави, настојуваме да ја порамниме кривата на вирсуот, односно да го забавиме ширењето на заразата колку што е можно. Во спротивно здравствениот систем и општеството ќе колабираат. Оаа болест не може да се сопре, барем не додека не произведеме вакцина“, вели Тенгел за „Нејчр“.