Не можел повеќе да издржи во авионот, па излегол на крилото! (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Патник кој летал со авионот на познатата „Рајанер“ од Лондон до Малага не можел да издржи повеќе во авионот, па излегол преку крилото.

Снимката за кратко време заврши на социјалните мрежи, а потоа и на светските медиуми.

Патникот сакал да излезе од авионот на своја одговорност и тврдел дека има напад на астма дека итно му треба свеж воздух. Откако поседил на крилото на авионот, се вратил внатре, си го зел багажот и излегол како и сите други патници.

„Беше одведен на распит бидејќи ги прекрши правилата за безбедност, но сѐ е решено со шпанските власти“, соопшти „Рајанер“.