Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако сте забележале дека немате насекаде коса, односно дека ја има по ходникот, во кадата, по одводот… Немојте веднаш да паничите, бидејќи просечно на секоја личност и паѓаат помеѓу 60 и 100 влакна дневно. Меѓутоа, ако мислите дека повеќе ви паѓа косата во последно време, ова би можеле да бидат причините:
Фризурата ви ја уништува косата
Имате посебна врска со својата пегла за коса? Или пак се верни на платинаста плава коса цела година? Силните производи и работи за стилизирање на косата можат понекогаш да бидат премногу за твојата коса, ако правиш различни третмани еден по друг, на повеќе оштетени влакна.
Тоа предизвикување пукање, а може да се забележи и по искинатите влакна околу коренот.
Ќе си помогнете себеси така што ќе користите фарба слична на вашата природна текстура и боја. Користете нежен шампон без сулфат кој дополнително ја суши косата, и отфрлете ги пеглата и фигарото.
Имате проблем со тироидната жлезда
Тоа може да предизвика изненадувачко губење на косата, но и други влакнести подрачја. Тоа се случува поради пореметување на хормоните кои се одговорни за раст на косата. Кога ќе се реши проблемот со тироидната жлезда, тогаш би требало и влакната да престанат да паѓаат. За да израсне што побрзо, внесувајте храна полна со протеини како пилешко и грчки јогурт.
Под голем стрес сте
Дали е работата последното место на кое сакате да бидете? Дали неодамна сте минале низ тешка разделба со партнерот? Дали сте болни и вашето тело е надвор од контрола? Сите овие ситуации доведуваат до голем стрес кој пак води до опаѓање на косата. Лошата вест е дека треба да минат неколку месеци пред паѓањето на косата да престане. Решението е да се излечи стресот за да престане.
Неодамна сте се породиле
Благодарение на сите хормонски промени, новите мајки имаат често проблем со косата. Во бременоста, висината на естрогенот во телото го „пробива кровот“, што доведува до раст на косата. Но, тие висини за намалуваат неколку месеци по породувањето, што води до опаѓање на косата.