„Немој да ме убиеш, не пукај во мене“ – потресна исповед на 88-годишна баба која се спасила од монструмот Бориловиќ


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Масакрот кој што се случил на 12 август во Цетиње го преживеала 88-годишната Даринка Целебиќ, која иако повредена, успеала да избега преку прозор и да спаси жива глава.

Во исповед, после излегувањето од болница во детали го опишува она што се случи тој црн ден, кога се сретнала оци во очи со масовниот убиец од соседството.

-Бев дома кога дојде. Одеднаш се појави на тераса, само ме гледаше и му реков: „Немој да убиеш“, „Немој да пукаш во мене“. Потоа ја подигна раката со оружјето, пукаше и ме рани, и му реков: „Ти убиј ме, но оставиги жените кои беа кај мене“, потоа Милена (76) ја погоди во рака, а за Славица не знам каде, вели Даринка.

Таа откри и како успеала да побегне од рацете на масовниот убиец.

-Зедов еден пешкир, па излегов преку прозорец, боса и поминав преку старата фабрика додека не стигнав во болница. Таму слушнав се кого убил. Ќе ме убиеше и мене доколку не побегнев. Сигурно! Славица и МИлена седеа кај мене, а кога почна да се пука им реков дека „Ова нема да помини добро“, открива виталната старица како се снашла во моментите кога билаа соочена со смртта.

Да потсетиме, триесет и четиригодишниот Вук Бориловиќ уби десет лица, а рани шестмина, а според официјалните податоци, во петокот околу 15 часот и 30 минути, Бориловиќ влегол во станот на своите станари и на вратата ја убил единаесетгодишниот М., па неговиот три години помлад брат, а потоа ја застрелал нивните мајка – Наташа Пајовиќ Мартиновиќ – низ прозорецот.