Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Без Миркуловски и Манасков, останатите македонски ракометари предводени од капитенот Лазаров успеаја да се спротистават на фаворизираната Норвешка само во првото полувреме кое го завршивме со само два гола негатива 12:10. Во вториот дел, колата тргна низ брдо!
Нашите најдобри ракометари значајно ослабени поради повредите на Манасков и Миркуловски имаа сила само едно полувреме да се спротистават на фаворитот Норвешка. Натпреварот почна тешко, со два пенали за Норвежаните и две исклучувања на Марковски, но потоа успеавме да фатиме приклучок и да играме гол за гол.
Норвешка имаше 8:5, но потоа направивме комплетен пресврт за 9:8 за нас, но на крајот на полувремето промашивме неколку зицери и на одмор се замина со 12:10 за Норвешка.
Вториот дел беше сосема друга приказна, Норвешка целосно го разби нашиот отпор и почна да го зголемува водството, за на крајот конечниот резултат да гласи 34:24, пренесува Спортски.мк.