Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Својот партнер го сметате за своја сродна душа и никогаш не би направиле нешто што би го повредило или изнервирало.
Барем не намерно. Сепак, постојат некои потези кои вие ги работите без премногу размислување, а на вашиот партнер тие многу веројатно му пречат. На следните пет работи ви требало да обрнете внимание ако сакате да задржите цврст и здрав однос со партнерот.
Го чистите она што веќе тој го исчистил
Во ред е, ако е потребно да му објасните нешто што никогаш не го правел. Но ако баш зборувате за секоја ситница погрешно свртена тоалетна хартија или погрешно наместени садови.. Со тоа само ќе предизвикате нервоза и тензија, па би било подобро таквите работи да ги занемарите или барем да не ги поправате пред него истовремено говорејќи дека погрешно ги прави.
Непрестајно сте лошо расположени
Иако тој е вашето рамо за плачење и вистинска личност на која треба да и упатите убави зборови, понекогаш тоа може да биде многу исцрпувачки и фрустрирачки ако се повторува од ден во ден. Сетете се за три работи кои сте благодарни тој ден и кажете му го тоа со голема насмевка. Можеби понекогаш и нему му е потребен некој да се потрпе, но тоа нема да ви го каже бидејќи вие непрестајно се жалите поради своите проблеми.
Не го подигнувате погледот од мобилниот
Можеби ви се чини дека тој тоа не го приметува, но верувајте ни, и тоа како е забележително. Посебно ако истовремено разговарате со него и куцкате со пријателката, постои можност да предизвикате лоша расправија бидејќи кога тогаш ќе ја прелиете чашата. Поради тоа, кога ќе разговарате со партнерот, оставете ја настрана технологијата.
Не го слушате
Иато како и со претходната точка, немојте никого да омаловажувате со помало внимание. Насочете се кон разговор и момент во кој се наоѓате.
Не одговарате на пораки
Игнорирањето и не одговарањето на пораките никому не му е драго. Дури и ако не сте љубител на долги допишувања, тоа искрено кажете му го на партнерот без да го довете во ситуација да се грижи каде се наоѓате и дали сте добро.