Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Режисерот на култниот филм „Последното танго во Париз“, Бернардо Бертолучи, реагираше откако после емитувањето на неговото необјавено интервју од пред три години се крена огромна прашина за ласцивната сексуална сцена од познатиот филм.
Во интервјуто тој изјави дека славната актерка Марија Шнајдер не знаела што ќе направи Марлон Брандо за време на снимањето на познатата секс сцена со путерот.
„За последен пат би сакал да го објаснам смешното недоразбирање околу Последното танго во Париз за кој медиумите ширум светот продолжуваат да пишуваат и да креваат прашина“, го започнува тој своето обраќање.
Потоа тој почнува да се брани дека го поттикнал Брандо на силување на тогаш 19-годишната актерка Марија Шнајдер.
„Некои мислеа и уште мислат дека на Марија не ѝ кажавме за насилството. Погрешно! Знаеше сè бидејќи го имаше прочитано сценариото во кое беше опишана целата сцена. Единствена новост беше идејата за путерот“, вели култниот режисер.
Бертолучи потенцираше дека сцената со сексот била одглумена и додаде дека му е жал што некои, поради наивноста, не знаат дека сексот во филмовите е речиси секогаш одглумен.